Нашиот тим

Kristina-H-Vasileva-rKристина Хаџи-Василева има речиси петнаесетгодишно искуство во развојниот и граѓанскиот сектор, работејќи за македонски граѓански организации и меѓународни организации и проекти како USAID, EAR, OSCE и SDC. Нејзината експертиза е насочена кон областите на родова еднаквост, реформа на локалната самоуправа и децентрализација како и во локалниот економски развој и развојот на граѓанското општество. Хаџи-Василева е дипломиран филолог по македонски и турски јазик и има магистрирано Родови и етнички студии на Универзитетот „Гринич” во Лондон.

 

 Fisnik-ShabaniФисник Шабани е дипломиран правник и магистер по граѓанско право. Во АГОРА работи на позицијата координатор на проекти. Има над седум години работно искуство во граѓанскиот сектор во Македонија и Косово, работејќи во раководење и имплементација на проекти од различни области како развој на демократија и добро владеење, локална самоуправа, граѓанско учество, граѓански организации, човекови права, родова еднаквост, малцински права, економски активности, избори и сл. Фисник е член на неколку движења и организации и е автор е на неколку публикации од областа на заштитата на човекови права и правична застапеност.

 

AnetaАнета Илиевска е магистер по математички науки. Во АГОРА работи на позицијата координатор за финансии и администрација. Има 15 години работно искуство во интернационални и домашни организации во коишто работела како финансиски координатор, менаџер и аналитичар. Во текот на работата имала можност да биде директно вклучена во сите фази на еден финансиски систем (проекција, имплементација, мониторинг, контрола и известување) преку имплементација на различни проекти. Има проширени знаења и искуство во работа со проекти финансирани и поодржани од различни донатори како на пример USAID, SDC (Швајцарска агенција за развој и соработка), Светска банка, OSCE, Британска амбасада итн.