Веб-магазин „Агора“ (2002-2008)

Насловната страница на веб-магазинот Агора на 08.03.2005.

Насловната страница на веб-магазинот Агора на 08.03.2005.

Во периодoт од 11.10.2002. до 08.10.2008. здружението Агора го издаваше Агора – македонски мултикултурен магазин, на три јазици: македонски, албански и српски.

Веб-магазинот излегуваше на еднаш неделно, односно, секоја од рубриките се освежува со нова содржина барем еднаш во текот на седмицата. Содржини опфаќаа теми кои се игнорирани, цензурирани или отсутни во медиумскиот простор на Македонија, со цел да обезбеди поглед од различни аспекти врз тековните проблеми.

Содржините на магазинот опфаќаа преводи и авторски текстови, до цел да се обезбеди простор за искажување на мислења на луѓето кои имаат што да кажат, а тоа им е ускратено во други медиуми. Во реализацијата беа вклучени дваесетина ентузијасти, од кои поголем дел беа вклучени на волонтерска основа.

Дел од написите се достапни во форма на копии на веб-сајтот Archive.org.

Цели на проектот:

  • Промовирање на подзаборавените општествени вредности
  • Развивање на способноста за критичко размислување
  • Ширење на полезни и практични знаења
  • Поттикнување на општествена толеранција и посреќен живот преку запознавање, разбирање и дружење

Во 2002 година, магазинот финансиски го поддржа Фондацијата институт отворено општество – Македонија, преку грант од програмата за електронско издаваштво. Овие средства беа наменети за изградба на сајтот (комплетен дизајн и програмирање), веб хостинг, авторски хонорари и промотивни материјали.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *