Развој на потенцијали за младинско претприемништво

Informativna sredba

Цели на проектот:

Општата цел е да се придонесе кон поголема социјална и економска вклученост и развој на мултукултурна и мултиетничка демократија на младите од различни етнички заедници во таргетираните општини.

Специфични цели се:

  • промоција на економскиот развој на општините Брвеница и Врапчиште
  • јакнење на капацитетите на младите и потенцијални претприемачи
  • подобрување на соработката помеѓу клучните чинители на локално ниво
  • промоција на услугите и мерките за поддршка на младите претприемачи

 Активности:

  • Средба за информирање (Inception Meeting)
  • Работилница за презентација на мерки и можности за претприемништво и вработување
  • Обука и менторство за практично водење на бизнис
  • Документ за јавни политики (Policy brief)
  • Обука за зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации
  • Консултативни работни средби
  • Промотивни активности

Резултати:

  • Најмалку 30 млади од сите етнички заедници се информирани за можностите за основање и развивање на бизнис
  • Еден документ за јавни политики за подобрување на ЛЕР стратегија е подготвен за општините
  • Најмалку 10 претставници од локалните граѓански организации во Полог се обучени и вмрежени
  • Најмалку 15 локални претприемачи се активно вклучени во активностите на проектот
  • Воспоставена соработка и вмрежување на сите клучни инволвирани страни, како и остварени можности за соработка помеѓу нив.

Времетраење: 15/03/2017 – 15/09/2017

Поддржано од:

Проект: „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од ЕУ и имплементиран од Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.