Опсерваторија на медиумските реформи

Цели на проектот:

Главна цел на проектот е Да се придонесе во исполнувањето на Итните реформски приоритети (ИРП), како предуслов за пристапување на РМ кон ЕУ, преку идентификување и отстранување на препреките за демократскиот развој на медиумскиот сектор

Спцифични цели на проектот се: креирање на коалиција на граѓаните и медиумите за мониторинг и застапување на ИРП во медиумите; зајакнување на јавната свест со осврт на ИРП и предизвиците во медиумите; и создавање на услови за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, НВОи и медиумите.

Активности:

  • Мониторинг на исполнување на ИРП и објавување анализи
  • Продукција на истражувачки написи и новинарско известување за исполнувањето на ИРП
  • Кампања за подигање на јавната свест за важноста на ИРП
  • Јавни настани за застапување за спроведување на ИРП

Резултати:

  • Подобрени политики во медиумската сфера и поефикасно спроведување на ИРП
  • Зајакнат јавен дијалог помеѓу релевантните чинители одговорни за спроведување на ИРП
  • Поголема информираност на граѓаните за процесот на исполнување на ИРП
  • Промоција и заштита на вредностите на слободни, независни и одговорни медиуми

Времетраење: 01/07/2017 – 30/04/2018

Поддржано од: Проект е финансиски поддржан од ЕУ и имплементиран од Агора, Фондација Метаморфозис, ПИНА и Мета.мк