Повик за ангажирање експерти

Бараме експарти за спроведување на тркалезни маси на тема Цели за одржлив развој

Ако имаш:

  • одлични познавања на темата и областите на одржливиот развој на национално и меѓународно ниво;
  • познавање на природата и спецификите на Целите за одржлив развој, актуелните состојби и процеси на креирање на јавни политики, стратешки документи, како и клучните сегменти на поврзување на Целите за одржлив развој со процесот на интеграција на земјата во Европската Унија;
  • И/ или претходно искуство со работа на слични процеси во наведените области;

Пријави се најдоцна до 20-ти септември во 17:00 ч. на aneta@agora.org.mk.

Здружение Конект, Агора – Центар за промовирање на граѓански вредности и ОНГД Мрежа Бугарија го имплементираат проектот “Градење меѓу-секторски партнерства за одржлив развој“ кој има за цел зајакнување на јавнo-приватниот дијалог и активното учество на граѓанското општество и деловниот сектор во остварување на целите за одржлив развој (SDGs) во согласност со реформските активности на земјата како дел од процесот на интеграција во Европската Унија.

Втората компонента на Проектот е наменета за Определување на рамката за Целите за одржлив развој во Македонија (Outlining SDG framework for Macedonia). Оваа компонента ќе ги вклучи засегнатите страни во заедничката агенда за одржлив развој во согласност со интеграцијата во ЕУ.

Во оваа насока планирано е спроведување на 4 еднодневни работилници (тркалезни маси) во процес на директна консултација со клучните целни групи за мапирање на главни предизвици и приоритети, можностите за соработка во областа на одржливиот развој, како и процесот на воведување, спроведување и следење на Целите за одржлив развој на локално и национално ниво.

Организациите спроведувачи за потребите на проектот и целите на активноста, го објавуваат овој Повик за експертски ангажман во процесот на спроведување на Тркалезни маси на темата Цели за одржлив развој (ЦОР).

Преземи го целиот оглас.