ноември 26, 2020
idea-innovation-inspiration-solution

Проект: Младински Скок Во Бизнисот

Проектот Младински Скок во Бизнисот  (Youth Leap 2 Business) што АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности го спроведува со поддршка на Американска Амбасада во Скопје има за цел да придонесе кон зголемување на вработувањето кај младите лица во Северна Македонија и промоција на младинското претприемништво. Преку низа проектни активности кои опфаќаат:

  • тренинг програма за претприемништво,
  • натпревар за најдобар бизнис план,
  • грантирање и менторство, како и
  • B2B настан за вмрежување

ќе се постигнат следните резултати:

  • 50 млади лица се запознаени и обучени за претприемништво,
  • 25 млади лица се запознаени со процесот на бизнис планирање,
  • 25 бизнис планови се развиени,
  • 2 бизнис плана се финансиски поддржани и фирмите регистрирани,
  • Организиран е настан за вмрежување на претприемачите.

Целна група: млади (18-29 години) од сите осум региони во државата

Времетраење на проектот е 12 месеци (Септември 2020 – Август 2021)

Донатор: Американска Амбасада

Вкупен буџет: 23.997 американски долари