ноември 26, 2020

Проект: Вклучи се – Побарај гласно!

Проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, АГОРА- центар за промовирање граѓански вредности, го реализира со финансиска поддршка на UN Women Скопје, а во партнерство со НСРР – Национален совет за родова рамноправност.

Региони кои ги опфаќа проектот: скопски, источен, североисточен и југоисточен регион.

Период на реализација: 09.2020 до 06.2022 година.

Вкупен буџет: 109,963 УСД

Цел на проектот е да го подобри животот на жените и да понуди поддршка во процесот на вклучување на жените и најранливите групи меѓу нив, во  локалните процеси на креирање политики и буџетирање.

Посебно внимание ќе посветиме на зајакнување на женското движење и овозможување дијалог помеѓу женските локални групи и општините.

Активности:

  • Циклус од две обуки за јакнење на капацитетите на женски и граѓански организации што работат во областа на родова еднаквост;
  • Поделба на грантови на 4 женски организации за спроведување активности за мобилизација и зајакнување на жените во локалните заедници и застапување со општините.
  • Мрежен состанок на организациите кои ќе спроведуваат активности/добијат грантови;
  • Следење и техничка поддршка на организациите;
  • Следење на работата на општините во однос на покренати иницијативи;
  • Медиумска кампања за подигање на свесноста на јавноста и локалните самоуправи за потребата од родово базирано буџетирање;
  • Публикација на добри пракси од работењето на терен: мобилизација, информирање, зајакнување и застапување.

Очекувани резултати:

  1. Зајакнати капацитетите на најмалку 10 граѓански организации ;
  2. Жените се мобилизирани и зајакнати, гласни и вклучени во локалните процеси на носење одлуки:

-најмалку 8 теренски акции развиени и имплементирани од страна на женски организации во регионите;

-најмалку 350 жени ќе учествуваат во теренските акции  и активностите за зајакнување и застапување;

– најмалку 4 нови мерки донесени од локалните самоуправи за решавање на потребите на жените како резултат на иницијативите за застапување.