ноември 26, 2020
fb post image

Повик до млади со бизнис идеи за учество на тренинг програма за претприемништво

Agora_US_EmbassyАГОРА  – Центар за промовирање на граѓански вредности во рамките на проектот „Младински скок во бизнисот“ (YouthLeap2Business), поддржан од Американската Амбасада во Скопје, објавува Повик до млади со бизнис идеи  за учество на тренинг програма за претприемништво.

Тренинг програмата за претприемништво  е отворена за пријавување на 50 млади лица на возраст помеѓу 18-29 години. Преку оваа обука избраните кандидати ќе стекнат вештини за започнување и водење на сопствен бизнис низ тренинг модули кои опфаќаат вовед во претприемништво, бизнис планирање и развој на бизнис идеја. Програмата ќе се одвива во две фази, а во втората  фаза ќе продолжат 25 најактивни учесници.

По завршување на тренинг програмата, две најуспешни бизнис идеи ќе бидат финансиски поддржани со износ од 1000 УСД за започнување на сопствен бизнис.

Програмата ќе започне во текот на месец ноември, 2020 година.

Работен јазик на обуката е македонски.

 

Пријава за обуката

Сите заинтересирани кандидати треба да пополнат пријава за учество преку Google Forms најдоцна до 19.10.2020 31.10.2020 година. (рокот е продолжен)

(https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScZYOzrWz7Uvlflix636p9FMM_obDaIzOporkWIQvmaTpTlYA/viewform?usp=sf_link)

За повеќе информации околу тренинг програмата проектниот тим на YouthLeap2Business ќе одржи онлајн инфо сесиja преку платформата ZOOM на 15.10.2020 со почеток во 10:00 часот. Линкот од сесијата ќе биде објавен на Фејсбук страната на АГОРА (https://www.facebook.com/agora.org.mk).

fb post image