ноември 26, 2020
Фото: pixabay

Повик за избор на обучувачи

  1. Вовед

АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности спроведува проект „Youth Leap 2 Business“, финансиран од Американската амбасада со општа цел да придонесе кон зголемување на вработувањето кај младите лица во Северна Македонија и промоција на младинското претприемништво. Преку реализација на проектните активности, 50 млади лица (19-29 години) ќе се запознаат со основите на претприемништвото и ќе се оспособат за започнување и водење на сопствен бизнис.

За реализација на дел од проектните активности, АГОРА објавува Повик за избор на два (2) обучувачи (физички или правни лица) за подготовка и испорака на „Тренинг програма за претприемништво“.

  1. Опис на работни задачи и испорачани услуги

Обучувачите треба да подготват и испорачаат „Тренинг програма за претприемништво“ наменета за 50 млади лица од Северна Македонија, која ќе биде поделена во три фази и која вклучува:

  • Фаза 1: една дводневна работилница за “Вовед во претприемништво“ со цел развивање на бизнис идеја за 50 млади лица,
  • Фаза 2: три (3) еднодневни работилници за 25 млади лица и менторирање за развој на бизнис планови. Во текот на оваа фаза Обучувачите треба да испорачаат 25 бизнис планови заеднички развиени со учесниците на тренинг програмата.
  • Фаза 3: натпревар за бизнис план.

Обучувачите потребно е да изработат методологија за спроведување на обуките, наставна програма и работен материјал, вклучувајќи практични вежби, квизови и тестови, како и алатки за евалуација. Подготвената тренинг програма треба да ги опфаќа следните теми:

  • Проценка на потребите на учесниците за обука ,
  • Развој на бизнис идеја,
  • Развој на бизнис план и истражување на пазар,
  • Маркетинг и продажба,
  • Пристап до финансии,
  • Основи на оперативно раководење и комуникации

Список на испорачани услуги:

1. Проценка на потребите на учесниците на обуката
2. Дводневна работилница “Вовед во претприемништво“ со цел развивање на бизнис идеја

за 50 млади лица

3. Еднодневна работилница “Развој на бизнис план и истражување на пазар“ за 25 млади лица
4. Еднодневна работилница “Маркетинг и продажба и Пристап до финансии“ за 25 млади лица
5. Еднодневна работилница “Основи на оперативно раководење и комуникации“ за 25 млади лица
6. Развиени 25 бизнис планови во соработка со 25 млади лица
7. Избор на 2 најуспешни бизнис планови

 Во текот на тренинг програмата, обучувачите треба да бидат активно вклучени во процесот на менторирање на учесниците.

На крајот од секоја спроведена работилница, обучувачите имаат обврска да достават извештај до проектниот координатор не подоцна од 7 дена од завршената работилница.

Регрутирањето и селекцијата на учесниците како и логистичката координација во текот на спроведувањето на активностите ќе го спроведе Агора.

Информации за ангажманот

Периодот планиран за спроведување на тренинг програмата е декември, 2020 (фаза 1), Јануари-Април, 2021 (фаза 2), Април 2021 (фаза 3).

Работен јазик е македонски.

Местото на одржување на тренинг програмата е во Скопје (во случај на физичко присуство) или онлајн.

Целокупниот ангажман за испорака на тренингот е вкупно 24 работни денови.

 Потребни квалификации

Обучувачите треба да ги поседуваат следните квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование (економски и/или сродни науки);
  • Искуство во спроведување обуки (предност ќе имаат обучувачите кои имаат искуство со испорака на обуки на предвидените теми и со млади);
  • Познавање на спроведување на онлајн обуки (преку користење на ZOOM или други апликации)
  • Познавање на основите и принципите на претприемништво, бизнис економија и областите релевантни на темата на тренинг програмата
  • Искуство во работа со млади.

Потребни документи

Понудата треба да го содржи следново:

  • Мотивациско писмо (до 500 зборови) на кандидатот,
  • Кратка биографија (CV) со опис на експертизата релевантна за оваа задача,
  • Референтна листа на слични ангажмани,
  • Финансиска понуда по испорачана услуга со сите вклучени трошоци. Истата треба да биде изразена во бруто износ во македонски денари.

 

Понудите треба да се достават до 08.11.2020 година на следната електронска адреса aleksandar@agora.org.mk.