ноември 26, 2020
training-2212990_1280[1]

Повик за учество на обука

NSRR-agora

Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА, во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, објавува Повик за учество на двoдводневни обуки за претставници/чки на локални женски и граѓански и организации.

Проектот има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во  локалната заедница. Исто така, има за цел да ги поддржи граѓанските и женските организаци да ги искористат постоечки механизми за партиципативни процеси со цел да ги  вклучат нивните потреби во општинските политики и буџети.

Датум: Обука I : 25-26 ноември 2020 год;  Обука II :  9-10 декември 2020 год.
Место: дополнително ќе се утврди

Обуките ќе се спроведат согласно со пропишаните владини мерки за спречување на ширењето на COVID 19.

Обуката I на тема „Теренски активности и градење капацитети на членки“ има за цел да ги зајакне капацитетите на женски и граѓански организации преку пренесувае на искуства и обука за теренски активности кои граѓанските организации можат да ги преземат во однос на жените кои ги застапуваат  со цел промовирање на инклузивно учество во локалните политики и процеси на донесување одлуки.

Обуката II  на тема „Процеси на буџетирање во општините и акции за застапување“  за зајакнување на знаењето на учесниците за:

  • Изготвување, извршување и известување за буџетот на општината,
  • родово одговорно буџетирање,
  • буџетска транспарентност и следење на буџетот,
  • застапување и лобирање.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби. Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

 

Кој може да аплицира

  • По две претставнички/-ници од локални женски организации и други граѓански организации кои спроведуваат активности врзани со родовата рамноправност во скопски регион, североисточен регион, источен и југоисточен регион Учеството на обуката е целосно покриено од НСРР. Избраните учесници/-чки дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, храна и сместување). Патните трошоци на учесниците ќе бидат покриени од организаторите.

Пријава за обуката

Сите заинтересирани организации треба да пополнат пријава за учество преку Google Forms, за пријавата кликни тука.
(https://docs.google.com/forms/d/164bA0HuKE2MQqPh1R-yqCSiEyY0zPPSZoak2Lc3Z4rw/edit?ts=5f8eefed&gxids=7757)

Рокот за пријавување е најдоцна до 10 ноември 2020 година.

За дополнителни прашања Ве молиме контактирајте нѐ на тел. 02 3134 390  или на

е-пошта:   sozm@t.mk;  sozmrc@unet.com.mkСите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на НСРР и АГОРА.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Во рамките на истиот проект “Вклучи се – Побарај гласно!“ ќе се доделат грантови за спроведување теренски активности за мобилизација на жените и застапување со општините.  Критериумите и официјалниот оглас ќе бидат дополнително објавени.

 

 

Овие обуки се дел од проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“, спроведен од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.