јануари 17, 2021
Logo_Vkluci se Pobaraj glasno2

Отворен јавен повик за финансиска поддршка


ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2020

За финансиска поддршка на женски граѓански организации кои работат на унапредување на правата на жената и нејзината улога во општеството
проект “Вклучи се – Побарај гласно!“
спроведуван од НСРР – Национален совет за родова еднаквост во соработка со АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности, финансиски поддржан од UN Women – Скопје, во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида“

НСРР и АГОРА отвораат повик за доделување финансиска поддршка на женски организации од скопски, југоисточен, источен и североисточен регион. Поддршката ќе биде доделена на проекти кои ќе придонесат кон следната цел на проектот: „Жените и нај исклучените се зајакнати да станат погласни и да влијаат на локалните процеси на донесување одлуки“.
Период на реализација на активностите е од 1 март 2021 година до 1 март 2022 година (12 месеци).

На овој повик ќе се додели финансиска поддршка за локални женски организации најмногу до 10.000 американски долари во денарска противвредност по поединечен проект.
Пријавата за овој повик се состои од поднесување на следните задолжителни документи:
1. Образецот за пријавување (апликација) можете да го преземете Овде;
2. Образец за предлог – буџет преземете Овде;
3. Тековна состојба од Централен регистар, не постара од шест месеци;
4. Кратки биографии на персоналот вклучен во проектот;
5. Статут на организацијата
6. Годишен наративен извештај за работа и финансиски извештај, за 2019 година;
7. Годишна програма за работа за 2021.
Пријавите се доставуваат најдоцна до 17.00 часот, 31.01.2021 истовремено на следните две адреси: katerina@agora.org.mk и sozm@t-home.mk .
Прашања во врска со повикот можат да бидат поставени исклучиво по писмен пат двете е-маил адреси: katerina@agora.org.mk и sozm@t-home.mk најдоцна до 15.01.2021. Одговорите на поставените прашања ќе бидат објавени на www.sozm.org.mk и на agora.org.mk најдоцна до 20.01.2021 година.
Детални информации за повикот можете да најдете во документот именуван како Насоки за пријавување а кој можете да го најдете на следниот линк (преземи овде).
Во рамки на овој повик ќе се организира информативна средба на ЗУМ на 14.01.2021 во 12ч на следниов линк: https://us02web.zoom.us/j/82189284373?pwd=TGg2Z1RZQzNKZGZFdU1lNkFuUXRDUT09

Meeting ID: 821 8928 4373

Passcode: 4JEj3e