мај 12, 2021
parafiscal

ПРОЕКТ: Финансиска транспарентност на општините со фокус на парафискалните давачки

АГОРА – Центарот за промовирање на граѓански вредности во партнерство со Finance Think од Скопје, Квантум Прима од Кавадарци и ЛАГ Агро Лидер од Кривогаштани започна со имплементација на проектот „ Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините со фокус на парафискалните давачки“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Р.С.Македонија.

Главната цел на проектот е да се зајакне мрежата FISCAST и партнерството со локалните засегнати страни во мониторингот на финансиската транспарентност на ЕЛС, со осврт на парафискалните давачки.

Низ низа проектни активности ќе се обидеме да ги оствариме следните специфични цели:

Специфична цел 1: Да се зајакнат капацитетите на локалните граѓански организации и на мрежата FISCAST да станат активни чинители во процесите на финансиска транспарентност во општината;

Специфична цел 2: Да се подобри буџетот на општината и транспарентноста на парафискалните давачки;

Специфична цел 3: Да се воспостави дијалог заснован врз докази, со повеќе засегнати политики за следење на финансиската транспарентност и градење ефективни општински политики;

Специфична цел 4: Да се зголеми јавната свест за придобивките од повисоката транспарентност, отчетност и одржливост за граѓаните и бизнисите, во нивните улоги и капацитети да дејствуваат на локално ниво.

Целна група: Единици на локалната самоуправа, локални НВОа, локалниот бизнис сектор, новинари.

Времетраење на проектот: јануари 2021 година – јуни 2023 година.