март 8, 2021
Povik za opstini-01

Повик за изразување интерес на ЕЛС

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ГРАДОТ СКОПЈЕ

за добивање поддршка за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и подигање на соработката со засегнатите страни во општината

Почитувани,

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во рамки на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” објавува Јавен Повик за изразување интерес на ЕЛС за добивање поддршка за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката со засегнатите страни во општината.

Придобивки за Единиците на Локална Самоуправа:

  • Креиран регистар за парафискални давачки во општината и препораки за нивна оптимизација за да се подигне локалната конкурентност;
  • Зголемена транспарентноста на општината, преку поддршка во прибирање и обработка на податоци за фискалната транспарентност на општината на едно место;
  • Можности за зголемување на капацитетите за: финансиска транспарентност на буџетот; парафискални давачки; јавни набавки; мониторинг; застапување; и градење партнерства;
  • Зголемена соработка со засегнатите страни (невладин сектор, бизнис сектор, млади и сл) преку воспоставување на механизам заснован врз докази на повеќе засегнати страни за дизајнирање и следење на финансиската транспарентност на општините;
  • Креирање анализи на ниво на ЕЛС;
  • Можност за промоција на постигнувањата на општината во фискалната транспарентност.

 

Обврски на Единиците на Локална Самоуправа, кои ќе бидат избрани да учествуваат во овој процес се:

  • Активно да соработуваат со тимот на проектот, во процесот на прибирање на податоци за парафискални давачки;
  • Да номинираат лице за учество во Мулти секторскиот механизам (работна група);
  • Да учествуваат во активностите за јакнење капацитети:

Проектот се имплементира во период од 30 месеци, од Јануари 2021 до Јуни 2022 година.

Ќе бидат избрани 18 општини водејќи сметка за регионалната, урбана/рурална застапеност, потенцијалот за вклучување на засегнати страни (присуство на невладини организации, комори и бизнис сектор), отвореноста на општината за подигање на транспарентноста, потребата и минати искуства од ваков тип активности.

Рокот за пријавување е 10 Февруари 2021 година. Општините кои ќе изразат интерес, треба да го пополнат онлајн формуларот на следниот линк https://forms.gle/p3YNZFmCC8wMokKX7 , и да испратат писмо за изразување интерес потпишано од Градоначалникот на следниот емаил: konkurs@financethink.mk

Сите дополнителни прашања поврзани со овој повик можете да ги доставите на следната електронска адреса: konkurs@financethink.mk