март 8, 2021

Јавен повик за доставување на понуди за изработка на веб платформа за е-знаење

Сојуз – Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА –   Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се –   Побарај гласно“, финансиран од канцеларијата на UN Women во Скопје има за цел да ги поддржи локалните женски и   граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно   активно учество во  локалната заедница.

Во тој контекст, НСРР и АГОРА сакаат да идентификуваат компанија што ќе развие веб-   платформа која ќе придонесе кон градење на капацитетите на локалните женски организации   и  нивно вмрежување.

За да ја преземете спецификацијата релевантна на овој повик, кликнете на линкот.

Рокот за доставување на понудите е 23.02.2021.