јуни 17, 2021
Gold Academic Excellence Student Certificate

Повик за изразување интерес

ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС

за учество во програма за зајакнување на капацитетите на локалните чинители за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и подигање на соработката со општините во РСМ

Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во рамки на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” објавува Повик за изразување интерес за учество во програма за градење капацитети на локалните чинители за подигнување на транспарентноста, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката со општината.

Повикот е наменет за сите чинители кои делуваат на локално ниво и придонесуваат за развојот и добробитта на локалната заедница, а претставуваат различни засегнати страни: државни институции, јавни претпријатија, ЕЛС, неформални и формални здруженија на граѓани, медиуми, бизниси, уметници, спортисти, активисти итн. Целта на активноста е локалните чинители да ги зајакнат своите капацитети и да станат активни страни во процесите на финансиската транспарентност на општините и носењето одлуки на локално ниво.  Програмата ќе се одвива во следните фази:

– Селекција на учесници – претставници на локалните чинители (април – мај 2021),

– Проценка на потребите на избраните учесници (мај 2021),

– Тренинг програма со 5 различни модули (август – октомври 2021).

Областите кои ќе бидат фокус на тренинг модулите ќе бидат следните:

  1. Финансиска транспарентност на буџетот на општината, парафискални трошоци и јавни набавки,
  2. Јавни претпријатија на општините,
  3. Мониторинг,
  4. Застапување,
  5. Градење партнерства

Секој учесник може да се пријави на еден, повеќе или на сите модули од програмата за обука. Преку учество на обуките локалните чинители ќе стекнат вештини и алатки за спроведување мониторинг на општинските активности. Програмата ја спроведува партнер организацијата АГОРА, а обуките ќе ги реализираат експерти од соодветните области.

Придобивки за учесниците:

  • Можности за зголемување на личните и капацитетите на организациите за: финансиска транспарентност на буџетот; парафискални давачки; јавни набавки; мониторинг; застапување; и градење партнерства;
  • Зголемена соработка со останати засегнатите страни на локално ниво (граѓански сектор, бизнис сектор, млади и сл) преку воспоставување на механизам заснован врз докази на повеќе засегнати страни за дизајнирање и следење на финансиската транспарентност на општините;
  • Можност за поголема вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво;

Проектот се имплементира во период од 30 месеци, од јануари 2021 до јуни 2023 година.

При селекцијата на учесниците ќе се води сметка за регионалната, урбана/рурална застапеност, потенцијалот за вклучување на засегнати страни, потребата и минати искуства од ваков тип активности.

Рокот за пријавување е 31.05.2021 година. Пријавувањето се врши преку Формуларот за пријавување кој е достапен на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/1EzaqH4QOTOlmf-roj__CKLx9VHbaR8zkKrCb9duoFtA/edit

Сите дополнителни прашања поврзани со овој повик можете да ги доставите на следната електронска адреса aleksandar@agora.org.mk