септември 23, 2021
project logo MK

Повик за прибирање понуди

„АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности“ објавува повик за прибирање понуди за дизајн и печатење на брошури, работни материјали за обуки (опишани во табелата која е во прилог) во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2020/420-727.

За таа цел, „АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности“ спроведува постапка за прибирање на понуди.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горенаведениот предмет најдоцна до 06 август 2021 година во 16:00 часот (по локално време) по е-пошта на адреса daniela@agora.org.mk. Понудите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице.

Комисијата на АГОРА ќе направи евалуација на понудите и ќе Ве информира за избраната понуда.

Со оваа покана ви доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.

Dokumenti za izrabotka na ponuda

Ви благодариме на соработката.

 

АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности

Скопје 28.07.2021 година