септември 23, 2021
Gold Academic Excellence Student Certificate

Повик за доставување понуди за услуги

„АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности“ Ве поканува да доставите понуда за ресторански услуги и изнајмување на простор за одржување на обуки во Скопје и/или во Штип во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2020/420-727.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горенаведениот предмет најдоцна до 08 август 2021 година во 16:00 часот (по локално време) по е-пошта на адреса daniela@agora.org.mk. Понудите треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице.

Комисијата на АГОРА ќе направи евалуација на понудите и ќе Ве информира за избраната понуда.

Со оваа покана ви доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.

Dokumenti za ponuda Skopje

Dokumenti za ponudi Stip

Ви благодариме на соработката.

АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности

Скопје 30.07.2021 година