Повик за ангажирање експерти

Бараме експарти за спроведување на тркалезни маси на тема Цели за одржлив развој

Ако имаш:

  • одлични познавања на темата и областите на одржливиот развој на национално и меѓународно ниво;
  • познавање на природата и спецификите на Целите за одржлив развој, актуелните состојби и процеси на креирање на јавни политики, стратешки документи, како и клучните сегменти на поврзување на Целите за одржлив развој со процесот на интеграција на земјата во Европската Унија;
  • И/ или претходно искуство со работа на слични процеси во наведените области;

Пријави се најдоцна до 20-ти септември во 17:00 ч. на aneta@agora.org.mk.

Повеќе

Опсерваторија на медиумските реформи

Цели на проектот:

Главна цел на проектот е Да се придонесе во исполнувањето на Итните реформски приоритети (ИРП), како предуслов за пристапување на РМ кон ЕУ, преку идентификување и отстранување на препреките за демократскиот развој на медиумскиот сектор

Спцифични цели на проектот се: креирање на коалиција на граѓаните и медиумите за мониторинг и застапување на ИРП во медиумите; зајакнување на јавната свест со осврт на ИРП и предизвиците во медиумите; и создавање на услови за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, НВОи и медиумите.

Повеќе

Повик за избор на обучувач(к)и

Иницијатива за европска перспектива и Здружение на граѓани Агора за потребите на проектот: „Развој на потенцијали за младинско претприемништво преку меѓуетничка соработка на локално ниво“, објавуваат Повик за избор на обучувач(к)и за испорака на Обука за зајакнување на капацитети на локални граѓански организации.

Повеќе