Опсерваторија на медиумските реформи

Цели на проектот:

Главна цел на проектот е Да се придонесе во исполнувањето на Итните реформски приоритети (ИРП), како предуслов за пристапување на РМ кон ЕУ, преку идентификување и отстранување на препреките за демократскиот развој на медиумскиот сектор

Спцифични цели на проектот се: креирање на коалиција на граѓаните и медиумите за мониторинг и застапување на ИРП во медиумите; зајакнување на јавната свест со осврт на ИРП и предизвиците во медиумите; и создавање на услови за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, НВОи и медиумите.

Повеќе

Развој на потенцијали за младинско претприемништво

Informativna sredba

Цели на проектот:

Општата цел е да се придонесе кон поголема социјална и економска вклученост и развој на мултукултурна и мултиетничка демократија на младите од различни етнички заедници во таргетираните општини.

Специфични цели се:

  • промоција на економскиот развој на општините Брвеница и Врапчиште
  • јакнење на капацитетите на младите и потенцијални претприемачи
  • подобрување на соработката помеѓу клучните чинители на локално ниво
  • промоција на услугите и мерките за поддршка на младите претприемачи

Повеќе

Веб-магазин „Агора“ (2002-2008)

Насловната страница на веб-магазинот Агора на 08.03.2005.

Насловната страница на веб-магазинот Агора на 08.03.2005.

Во периодoт од 11.10.2002. до 08.10.2008. здружението Агора го издаваше Агора – македонски мултикултурен магазин, на три јазици: македонски, албански и српски.

Веб-магазинот излегуваше на еднаш неделно, односно, секоја од рубриките се освежува со нова содржина барем еднаш во текот на седмицата. Содржини опфаќаа теми кои се игнорирани, цензурирани или отсутни во медиумскиот простор на Македонија, со цел да обезбеди поглед од различни аспекти врз тековните проблеми. Повеќе