јули 25, 2021

Опсерваторија на медиумските реформи

Содржините создадени преку проектот Опсерваторија на медиумските реформи се достапни на веб-сајтот mediaobservatorium.mk.

Цели на проектот:

Главна цел на проектот е да се придонесе во исполнувањето на Итните реформски приоритети (ИРП), како предуслов за пристапување на РМ кон ЕУ, преку идентификување и отстранување на препреките за демократскиот развој на медиумскиот сектор

Спцифични цели на проектот се: креирање на коалиција на граѓаните и медиумите за мониторинг и застапување на ИРП во медиумите; зајакнување на јавната свест со осврт на ИРП и предизвиците во медиумите; и создавање на услови за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, НВОи и медиумите.

Активности:

Резултати:

  • Подобрени политики во медиумската сфера и поефикасно спроведување на ИРП
  • Зајакнат јавен дијалог помеѓу релевантните чинители одговорни за спроведување на ИРП
  • Поголема информираност на граѓаните за процесот на исполнување на ИРП
  • Промоција и заштита на вредностите на слободни, независни и одговорни медиуми

Времетраење: 01.07.2017 – 30.04.2018.

Поддржано од: Проект е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија и имплементиран од Фондација Метаморфозис во партнерство со Агора и ПИНА, во соработка со Мета.мк и Порталб.мк.