јули 25, 2021
Gold Academic Excellence Student Certificate

Јавен повик за ангажирање на експерти

Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки е проект финансиран од ЕУ, a спроведуван од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани.

Проектот се спроведува во периодот јануари 2021 – јуни 2023 и има за цел да придонесе кон подобрен дијалог и учество на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зајакне мрежата ФИСКАСТ за следење на работата на и партнерството со локалните засегнати страни за финансиска транспарентност на ЕЛС, со фокус на парафискалните давачки.

За реализација на активноста „Градење капацитети на релевантните чинители“, која ќе биде предводена и насочувана од проектниот тим на Агора, објавуваме јавен повик за ангажирање на експерти кои ќе ја подготват и реализираат програмата за градење капацитети.

Експертите, секој во соодветната област,  ќе бидат задолжени за остварување на следните цели:

  1. Финализирање на оценката на потреби за обука на учесниците;
  2. Подготовка на курикулум и тренинг материјали;
  3. Спроведување на обука на соодветната тема.

Целокупната тендерска документација, вклучително со образецот за понуда е достапна на прикачениот ZIP фолдер paket dokumenti za tender. Краен рок за доставување на понудите е 10.05.2021 година до 15.00h, исклучиво по е-пошта на адреса aleksandar@agora.org.mk и katerina@agora.org.mk  

paket dokumenti za tender