Multimedia
Биди Јасна и Гласна
Ова видео е снимено и промовирано како дел од првата фаза на кампањата за активно учество на жените во процесите на носење одлуки на локално ниво, насловена како “Биди јасна и гласна“ која се спроведува во рамките на проектот “Вклучи се – Побарај гласно“.
Видеото има за цел да информира за моментална состојба на терен и за целите и очекувањата од реализација на погоре споменатиот проект.
Младински Скок во Бизнисот
Завршен настан на доделување на Сертификати за завршена обука за претприемништво и прогласување на два најдобри бизнис плана.
Младински Скок Во Бизнисот
Проектот Младински Скок во Бизнисот (Youth Leap 2 Business) што АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности го спроведува со поддршка на Американска Амбасада во Скопје има за цел да придонесе кон зголемување на вработувањето кај младите лица во Северна Македонија и промоција на младинското претприемништво.