+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Home
  • About us
  • Projects
  • Announcements/Calls
  • News
  • Publications
  • Multimedia
  • Contact
  • Transparency
    • Annual Reports
    • Policies
    • Statute
  • Home
  • About us
  • Projects
  • Announcements/Calls
  • News
  • Publications
  • Multimedia
  • Contact
  • Transparency
    • Annual Reports
    • Policies
    • Statute

Повик за доставување на понуди за експерти за спроведување на анализа за текстилниот отпад во контекст на зелената економија

АГОРА -Центар за промовирање на граѓански вредности Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги од тим од експерти/организација за подготовка на сеопфатна студија за проценка на подготвеноста на Северна Македонија за транзиција кон зелена економија, со преглед на состојбата со производство и рециклирање на отпад од гуми, стари возила, машинско масло и со посебен фокус на управувањето со текстилен отпад – сектор со сериозно еколошко влијание, но и со значителен потенцијал за ресурсна искористливост.

Истражувањето ќе ги анализира законските, економските, социјалните и еколошките аспекти, вклучувајќи проценка на количини на отпад, родови димензии и добри практики од деловниот и институционалниот сектор.

1) Понудата треба да ги содржи следниве информации:

-           Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1);

-           Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;

-           Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);

-           Стручна биографија на експертите предложени за подготовка анализата со референци;

-           Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, анекс 3);

-           Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4);

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, резиденти во Република Северна Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Проектите финансирани преку Проектот на ЕУ  се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул.Аминта Трети бр.16-1/7, 1000 Скопје) или скенирана електронски на contact@agora.org.mk.

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. EuropeAid/180645/DD/ACT/MK“ и  текстот „ Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.

Понудата треба да се достави до 15.07.2025 година (вторник), до 17:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

BASIC INFORMATION

  • Објавен на: 30.06.2025
  • Валиден до: 15.07.2025
  • Начин на апликација: по пошта или електронски

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ:

БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ

УСЛОВИ ЗА РАБОТА

АНЕКС 1- Финансиска понуда

АНЕКС 2- Методологија

АНЕКС 3- Изјава за ексклузивност и достапност

АНЕКС 4- Изјава правни лица

Ready for a new project?

Let's start a new project together, take the opportunity to work with experts who can really help you realize your idea!
Contact us

Сите права се задржани © 2021 Агора.

The page content is sole responsibility of AGORA Skopje and it does not have to reflect the views of the EU. и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.