Мрежа Фискаст
Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, спроведува проект „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки”.
Целта на проектот е подигнување на транспарентноста на локално ниво, креирање регистар на парафискални давачки и зголемување на соработката на локалните чинители со Единиците на локалната самоуправа во РСМ.
Главни активности на проектот се:
- Тренинг програма за јакнење на капацитетите на локалните чинители,
- Прибирање и анализа на податоци за локалните буџети, со фокус на парафискалните давачки,
- Создавање механизам за креирање и мониторирање на финансиската транспарентност на општините,
- Зајакнување на јавната свест