Јавен повик за ангажирање на консултант

 

За потребите на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2020/420-727, комисијата при „АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности“ во соработка со Finance Think – Институт за економски истражувања Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, објавува:

 

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ бр. 06-12/2021

За набавка на консултантски услуги за подготовка на протокол за соработка и фасилитирање на соработката на локалните чинители со Единиците на локалната самоуправа

  1. Договорен орган

АГОРА – Центар за промовирање граѓански вредности, Скопје, со седиште на ул. Аминта Трети бр.16 1/7, 1000 Скопје, во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“.

2. Предмет на договорот за набавка на консултантска услуга

Предмет на договорот е набавка на консултантски услуги за подготовка на протокол за соработка и фасилитирање на соработката на локалните чинители со Единиците на локалната самоуправа во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“. Подетален опис на бараните услугите се наоѓа во описот на надлежности (ToR) – прилог на овој повик.

3. Буџетска линија

5.1.2 Надомест за експерт за изработка на протокол за соработка

4. Вредност на набавката, услови и начин на плаќање

Максималниот буџет кој е на располагање за овој договор изнесува 3240,00 ЕУР х 61,55 = 199.422,00 МКД за вкупно 18 експертски денови. Цената ги вклучува сите трошоци на понудувачот и без данок на додадена вредност (без ДДВ) од причина што проектот е ослободен од плаќање на ДДВ. Персоналниот данок на доход се смета за подобен трошок. Плаќањето ќе биде извршено по реализација на планираните активности врз основа на доставен и одобрен извештај за извршена работа.

5. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

      Потребно е да се испорачаат услугите во период од февруари до август 2022 година.

6.  Понудата треба да ги содржи следните елементи:

•    Писмо за изразување интерес;

  • Кратка биографија (CV) (образец приложен во Анекс 2)
  • Листа со референци за активности поврзани со барањето на овој повик (Образец приложен во Анекс 3)
  • Предложена куса методологија за задачата со временска рамка на целосната услуга (Образец приложен во Анекс 4)
  • Финансиска понуда, која вклучува надомест во бруто износ изразена во македонски денари, со сите вклучени трошоци, вклучително и персонален данок на доход (Образец приложен во Анекс 5).
  • Изјава за достапност и екслузивност (Образец приложен во Анекс 6)
  • Критерум за доделување на договор за набавка

Изборот на најповолен добавувач ќе се изврши по пат на квалитативна евалуација на понудата во однос на финансиската понуда, од страна на стручна комисија за евалуација.

Квалитативна евалуацијаМаксимум можни бодови
Листа на референци10
1 (една) референца3
2 (две)  референци5
3 или повеќе референци10
Кратка биографија40
Образование5
Искуство во изработка на стратешки документи релеванти на областа на набавката15
Искуство во активности во или со единиците на локалната самоуправа20
Предлог методологија 50
Вкупно бодови за квалитативна евалуација100
  • Појаснување на тендерската документација

Сите барања за појаснувања на тендерската документација може да се испратат на е-пошта: aleksandar@agora.org.mk најдоцна до 04.01.2022

  • Начин на доставување на понудите

Краен рок за доставување на понудите е 10.01.2022 година до 15.00h, исклучиво по е-пошта на адреса aleksandar@agora.org.mk   

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи  или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација.

  • Известување на понудувачите

По завршувањето на евалуацијата на доставените понуди, комисијата ќе достави до сите учесници на повикот известување со информации за избраниот најповолен понудувач, како и причините за неизбор на понудата за неизбраните понудувачи. Известувањето ќе биде испратено на адресата на е-пошта наведени во понудата.