+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут

ЗА НАС

КОИ СМЕ НИЕ?

Здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на национално ниво во Македонија.  Основана е во 2001 година со седиште во Скопје, а во 2015 година беше извршена пререгистрација со цел проширување на нејзината мисија и дејност.

Визијата на здружението е напредок на луѓето и заедниците заснован на родова еднаквост, економски просперитет и демократски принципи. 

Неговата мисија е јакнење на капацитетите на сите општествени чинители и промовирање партиципативни и одржливи процеси кои ќе доведат до развој на заедниците.

Стратешки цели на Агора се:

  • Принципот на родовата еднаквост е прифатен и практикуван на локално ниво,
  • Подобрена клима за започнување на бизниси кај млади и жени,
  • Ефективно, ефикасно, транспарентно и отчетно работење на општините,
  • Просперитетни и економски развиени локални заедници,
  • Агора е активна членка на релевантни национални и регионални меѓународни мрежи,
  • Приходите во организацијата се обезбедуваат од повеќе различни донатори.

Своите цели здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следните активности:

  • Спроведување анализи и мониторинг на релевантните политики,
  • Зајакнување на локалните чинители за активно учество во донесување одлуки,
  • Застапување за донесување соодветни мерки и политики на локално ниво,
  • Јакнење на свеста на сите засегнати страни и на јавноста,
  • Зголемување на знаењето и вештините кај своите целни групи
  • Вмрежување и поврзување на чинителите, вклучително соработка со други организации и институции,
  • Подготовка на проектни апликации со цел обезбедување доволно фондови за остварување на планираните цели.

НАШИОТ ТИМ

Kристина Хаџи-Василева е основачка и претседателка на Агора. Таа има над 20 години професионално искуство во развојниот и граѓанскиот сектор,  работејќи со македонски граѓански организации и водечки меѓународни организации и иницијативи како USAID, EAR, OSCE и SDC. Нејзината експертиза е насочена кон родова еднаквост, реформи во локалната самоуправа и процесот на децентрализација, како и поттикнување на локалниот економски развој и градење активно граѓанско општество. Кристина е дипломиран филолог по македонски и турски јазик, а нејзината академска експертиза е продлабочена со магистратура по родови и етнички студии на реномираниот Универзитет „Гринич” во Лондон. Страсна застапничка за инклузивни политики, Хаџи-Василева е движечка сила зад проекти кои оставаат трајно обележје.

Анета Илиевска е експерт за финансии и администрација со над 25 години професионално искуство во граѓанскиот и приватниот сектор. Во текот на својата кариера работела како финансиски аналитичар, координатор и раководител на бројни проекти финансирани од различни странски донатори. Дополнително, своето знаење и искуство го има користено и како финансиски консултант, со акцент на развој на ефективни финансиски политики и процедури, дизајнирање и имплементација на буџетски механизми, проекција на буџети и  нивно мониторирање, финансиско управување со грантови, подготовка на финансиски извештаи и анализи, супервизија на финансискиот и административниот персонал, како и други административни работи.
Анета е магистер по теорија на математика од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, комбинирајќи аналитичка прецизност со длабоко разбирање на финансиските процеси.

Росица Тошевска e раководителка на програма со над 15 години искуство во јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Таа носи богато знаење и експертиза во управување со донаторски иницијативи насочени кон економски развој, социјално претприемништво, родова еднаквост, образование и добро управување. Има значајно искуство во подготовка на проектни предлози, управување со грантови, организирање и спроведување на активности за градење капацитети, подготовка на извештаи, односи со јавност. Високо ценета за нејзината тимска соработка, креативност и лидерски способности, Росица успешно ги комбинира аналитичките вештини со ефективна комуникација со цел постигнување резултати со значајно влијание. Нејзината посветеност кон квалитет и инклузивен развој ја прави незаменлив дел од тимот на Агора.

Елена Тимчева е координаторка за програма и комуникации со над 6 години искуство во спроведување проекти за развој на локалните заедници. Таа активно учествува во организирање и управување со проектни активности, обезбедувајќи нивна ефикасна реализација во согласност со поставените цели и временски рамки.
Покрај програмските задачи, Елена е одговорна за развивање и имплементација на комуникациски стратегии, медиумска промоција, креирање содржини за веб-страници и социјални медиуми, како и брендирање и визуелна идентификација на проектите. Ценета по нејзината ефикасност и проактивен пристап, Елена успешно ги решава предизвиците кои произлегуваат од секојдневното работење, придонесувајќи кон непречено функционирање и постигнување на резултати. Нејзината мотивираност и професионализам ја прават важен дел од тимот на организацијата.

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.

Содржината на оваа страница е единствена одговорност на АГОРА Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.