ЗА НАС
„АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на национално ниво чија цел е развој на демократското општество преку унапредување на локалните заедници и граѓанскиот сектор
ПРОЕКТИ
Агора развива и имплементира проекти со фокус на развој на претприемништвото, промоција и заштита на родовата еднаквост, како и поддршка на процесот на децентрализација.
ПУБЛИКАЦИИ
Дел од знаењето и искуството стекнато преку нашата работа е презентирано преку нашите публикации кои се достапни и слободни за користење.
Нашите проекти
Проектот WOMENomics има за цел да го зајакне учеството на женските граѓански организации во Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ преку подобрување на нивните капацитети за следење, застапување и комуникација со јавноста, вклучително водење дијалог со релевантните чинители, во насока на економско јакнење на жените и нивна дигитална инклузија. Истиот комбинира обуки, истражување, јавен дијалог и комуникациски активности со цел да придонесе кон поинклузивни и одговорни политики.
Акцијата „Од отпад до уметност: Младите ја кројат иднината“ има за цел да придонесе кон зголемена еколошка одговорност и практична примена на принципите на циркуларна економија кај младите и локалните заедници, преку едукативни, креативни и социјално-инклузивни активности за реупотреба на текстилен отпад. Таа се спроведува со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“.
Проектот Еко дијалог кон ЕУ цели да го поттикне преминот кон зелена и одржлива економија во Република Северна Македонија, усогласена со Европскиот Зелен договор, преку заеднички напори на сите засегнати страни, вклучително да ги промовира меѓусекторскиот дијалог и соработка за циркуларна економија и управување со отпад.
Сектори во кои работиме
- Родова рамноправност
- Претприемништво
- Децентрализација
- Локален економски развој.
За остварување на своите стратешки цели Агора прави анализи и мониторинг на спроведувањето на релевантните политики, ги зајакнува локалните чинители за активно учество во донесувањето одлуки, се застапува за креирање соодветни мерки и политики на локално ниво, ја јакне свеста на сите засегнати страни и на јавноста, а исто така работи на зголемување на знаењето и вештините кај своите целни групи и спроведува активности за вмрежување и поврзување на чинителите.


