Опсерваторија на медиумските реформи
Преглед
Содржините создадени преку проектот Опсерваторија на медиумските реформи се достапни на веб-сајтот mediaobservatorium.mk.
Цели на проектот:
Главна цел на проектот е да се придонесе во исполнувањето на Итните реформски приоритети (ИРП), како предуслов за пристапување на РМ кон ЕУ, преку идентификување и отстранување на препреките за демократскиот развој на медиумскиот сектор
Специфични цели на проектот се: креирање на коалиција на граѓаните и медиумите за мониторинг и застапување на ИРП во медиумите; зајакнување на јавната свест со осврт на ИРП и предизвиците во медиумите; и создавање на услови за информирана јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, НВОи и медиумите.
Активности:
- Мониторинг на исполнување на ИРП и објавување анализи
- Продукција на истражувачки написи и новинарско известување за исполнувањето на ИРП
- Кампања за подигање на јавната свест за важноста на ИРП
- Јавни настани за застапување за спроведување на ИРП
Резултати:
- Подобрени политики во медиумската сфера и поефикасно спроведување на ИРП
- Зајакнат јавен дијалог помеѓу релевантните чинители одговорни за спроведување на ИРП
- Поголема информираност на граѓаните за процесот на исполнување на ИРП
- Промоција и заштита на вредностите на слободни, независни и одговорни медиуми
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење: 01.07.2017 – 30.04.2018.
Поддржано од: Проект е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија и имплементиран од Фондација Метаморфозис во партнерство со Агора и ПИНА, во соработка со Мета.мк и Порталб.мк.
ИНФОРМАЦИИ ОД ПРОЕКТОТ
Стејт Департментот во извештајот користи наоди од проектот „Опсерваторијата на медиумските реформи“ Американскиот Стејт Департмент во најновиот Извештај за човекови права ги цитира наодите добиени со периодичниот извештај за статусот на медиумските реформи кој беше изработен во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваа Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ и Платформата за […]
Објавен финалниот извештај на проектот Опсерваторија на медиумските реформи Проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој се однесува на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) за слободата на изразувањето го објави финалниот извештај кој сумарно ги презентира генералните резултати од набљудувањето, во периодот од 1 јули 2017 до 30 септември 2018 година.Во извештајот, во однос на исполнувањето на реформите, […]
Недонесувањето на клучните законски измени го кочат реформскиот процес во медиумите И покрај заложбите на Владата да гради партнерство со асоцијациите и со граѓанскиот сектор во сферата на медиумите, таа сфера сеуште не е ослободена од институционални или персонални влијанија поради бавноста со која Собранието ги носи потребните законски измени беше истакнато на презентацијата на третиот […]
Трет периодичен извештај за медиумските реформи утре во Клубот на новинари Утре, 22 мај 2018 г. во 11 часот, во Клубот на новинарите ќе биде презентиран третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за промовирање на граѓански вредности „Агора“ и Платформата […]
Медиумските реформи се во тек, темпото и квалитетот варираат од сектор до сектор Реформите во медиумската сфера течат, но со различно темпо и квалитет во различните сектори, беше истакнато на денешната презентација на вториот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“, Центар […]
Медиумски реформи: Нешто целосно, нешто делумно, а нешто воопшто неисполнето „Опсерваторијата на медиумските реформи“ објави периодичен извештај (јули – октомври 2017 година) од набљудувањето на спроведувањето на реформските приоритети од областа на медиумите.Прв периодичен извештај од набљудувањето на исполнувањето на реформските приоритети од областа на медиумите [1.7.2017 – 01.11.2017] (.pdf)Набљудувањето, чиј предмет беа четирите столба на реформските […]