Мултимедија
Биди Јасна и Гласна
Ова видео е снимено и промовирано како дел од првата фаза на кампањата за активно учество на жените во процесите на носење одлуки на локално ниво, насловена како “Биди јасна и гласна“ која се спроведува во рамките на проектот “Вклучи се - Побарај гласно“.
Видеото има за цел да информира за моментална состојба на терен и за целите и очекувањата од реализација на погоре споменатиот проект.
Младински Скок во Бизнисот
Завршен настан на доделување на Сертификати за завршена обука за претприемништво и прогласување на два најдобри бизнис плана.
Сумирани наоди и препораки од спроведената анализа за состојбата со текстилниот отпад во Северна Македонија
Иако постојат примери на добри практики за рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад во нашата земја, којшто достигнува околу 35.000 тони годишно, потребна е системска поддршка за таквите решенија да донесат долготрајна промена
За разбирање на проблемот во само неколку минути читање, кликнете на секоја од сликите за да ги прочитате најважните наоди од анализата.
Младински Скок Во Бизнисот
Проектот Младински Скок во Бизнисот (Youth Leap 2 Business) што АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности го спроведува со поддршка на Американска Амбасада во Скопје има за цел да придонесе кон зголемување на вработувањето кај младите лица во Северна Македонија и промоција на младинското претприемништво.





























