+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут

WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ

ЗА ПРОЕКТОТ

WOMENomics е проект кој има за цел да го зајакне учеството на женските граѓански организации во Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ преку подобрување на нивните капацитети за следење, застапување и комуникација со јавноста, вклучително водење дијалог со релевантните чинители, во насока на економско јакнење на жените и нивна дигитална инклузија. Истиот комбинира обуки, истражување, јавен дијалог и комуникациски активности со цел да придонесе кон поинклузивни и одговорни политики.

Очекувани резултати

  • Зајакнати капацитети на 16 женски граѓански организации за следење и застапување за политики
  • Обучени и менторирани 20 жени активистки со вештини за истражување, анализи и комуникација со јавноста
  • Развиени најмалку 5 истражувачки и аналитички документи (извештаи, документи за јавни политики, алатки за мерење трендови и сл.)
  • Креирани две алатки за следење и застапување: Документ за политики за економско јакнење и дигитална инклузија на жените и Индекс за родови и економски реформи
  • Формирана неформална национална мрежа за економско јакнење на жените и нивна дигитална инклузија
  • Зајакнат дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и актерите за европски интеграции
  • Зголемена јавна информираност за значењето на реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ.

Активности

  1. Градење капацитети
  • обуки и менторство за 16 женски организации
  • развој на знаења за економска и дигитална инклузија
  • стекнување вештини за анализа на политики и застапување
  1. Следење и генерирање докази
  • истражување и анализа на политики
  • собирање податоци за родова еднаквост
  • подготовка на извештаи, документ за јавни политики и индекс за мерење на состојбите.
  1. Јавен дијалог и институционална соработка
  • организирање на најмалку 4 форуми за дијалог
  • презентација на наоди и препораки
  • директна комуникација со институции и чинители поврзани со европските интеграции
  1. Комуникација и подигнување на свеста
  • дигитални кампањи (видео, инфографици, социјални медиуми)
  • јавни настани и медиумски настапи
  • промоција на резултатите пред пошироката јавност

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Времетраење

Проектот се спроведува во период од 12 месеци

Буџет

Вкупниот буџет на проектот изнесува 55,174 американски долари.

Целни групи

  • 16 женски граѓански организации (по две од секој регион)
  • 20 жени активистки (вклучувајќи млади, рурални и припаднички на малцински заедници)
  • граѓански организации кои работат на родова еднаквост
  • креатори на политики и институции

Крајни корисници

  • жени од различни општествени групи (особено економски неактивни и дигитално исклучени)
  • локални заедници
  • граѓанско општество
  • институции во процесот на ЕУ интеграција
  • пошироката јавност

Донатор

Проектот е финансиран од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“

ЛИНК ДО ПРОЕКТОТ

ГАЛЕРИЈА

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.

Содржината на оваа страница е единствена одговорност на АГОРА Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.