+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
    • Транспарентност
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Почетна
  • За нас
    • Транспарентност
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт

Вклучи се – Побарај гласно!

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, АГОРА- центар за промовирање граѓански вредности, го реализира со финансиска поддршка на UN Women Скопје, а во партнерство со НСРР – Национален совет за родова рамноправност.

Региони кои ги опфаќа проектот: скопски, источен, североисточен и југоисточен регион.

Период на реализација: 09.2020 до 06.2022 година.

Вкупен буџет: 109,963 УСД

Цел на проектот е да го подобри животот на жените и да понуди поддршка во процесот на вклучување на жените и најранливите групи меѓу нив, во  локалните процеси на креирање политики и буџетирање.

Посебно внимание ќе посветиме на зајакнување на женското движење и овозможување дијалог помеѓу женските локални групи и општините.

Активности:

  • Циклус од две обуки за јакнење на капацитетите на женски и граѓански организации што работат во областа на родова еднаквост;
  • Поделба на грантови на 4 женски организации за спроведување активности за мобилизација и зајакнување на жените во локалните заедници и застапување со општините.
  • Мрежен состанок на организациите кои ќе спроведуваат активности/добијат грантови;
  • Следење и техничка поддршка на организациите;
  • Следење на работата на општините во однос на покренати иницијативи;
  • Медиумска кампања за подигање на свесноста на јавноста и локалните самоуправи за потребата од родово базирано буџетирање;
  • Публикација на добри пракси од работењето на терен: мобилизација, информирање, зајакнување и застапување.

Очекувани резултати:

  1. Зајакнати капацитетите на најмалку 10 граѓански организации ;
  2. Жените се мобилизирани и зајакнати, гласни и вклучени во локалните процеси на носење одлуки:

-најмалку 8 теренски акции развиени и имплементирани од страна на женски организации во регионите;

-најмалку 350 жени ќе учествуваат во теренските акции  и активностите за зајакнување и застапување;

– најмалку 4 нови мерки донесени од локалните самоуправи за решавање на потребите на жените како резултат на иницијативите за застапување.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

Региони кои ги опфаќа проектот: скопски, источен, североисточен и југоисточен регион.

Период на реализација: 09.2020 до 06.2022 година.

Вкупен буџет: 109,963 УСД и да се додаде:

Проектот го спроведуваат: Национален совет за родова рамноправност (НСРР) и АГОРА центар за промоција на граѓански врености во партнерство со

ХЗУ “МАЈКА“ од Куманово, Организација на жени од Струмица, Асоцијација за унапредување на статусот на жените во Македонија- ЖЕНСКА АКЦИЈА – Радовиш, Ромска организација Черења од Штип и Едукативно-хуманитарна организација ЕХО од Штип.

Донатор: UN Women

ЛИНК ДО ПЛАТФОРМАТА

www.vklucisepobarajglasno.mk

ГАЛЕРИЈА

ИНФОРМАЦИИ ОД ПРОЕКТОТ

Започнува кампањата „Биди јасна и гласна“

Започнува кампањата „Биди јасна и гласна“„Биди јасна и гласна“ – кампања за активно учество на жените во локалната заедница Зајакнувањето на жените и слухот за женското учество во јавниот живот се сериозни индикатори за зрелоста на едно општество и за неговиот дострел на полето на демократијата. Постојат голем број меѓународни правни акти во чии рамки […]

Повик за доставување на понуди за изработка на промотивна медиумска кампања во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОТИВНА МЕДИУМСКА КАМПАЊА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „Вклучи се – Побарај гласно!“Краен рок за пријавување 18. 04.2021НСРР – Национален совет за родова рамноправност со своите партнери АГОРА – центар за промоција на граѓански вредности објавуваат повик за доставување понуди за изработка на промотивна медиумска кампања во рамките […]

Јавен повик за доставување на понуди за изработка на веб платформа за е-знаење

Јавен повик за доставување на понуди за изработка на веб платформа за е-знаењеСојуз – Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА –   Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се –   Побарај гласно“, финансиран од канцеларијата на UN Women во Скопје има за цел да ги поддржи локалните женски и   граѓански организации да спроведат […]

Отворен јавен повик за финансиска поддршка

Отворен јавен повик за финансиска поддршкаЈАВЕН ПОВИК БР.01/2020 Статус: ЗатворенЗа финансиска поддршка на женски граѓански организации кои работат на унапредување на правата на жената и нејзината улога во општествотопроект “Вклучи се – Побарај гласно!“спроведуван од НСРР – Национален совет за родова еднаквост во соработка со АГОРА – Центар за промовирање на граѓански вредности, финансиски поддржан од UN Women […]

Повик за избор на тим обучувачи/чки

Повик за избор на тим обучувачи/чкиПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ/ЧКИ*Рокот за доставување понуди се продолжува до 20.11.2020 годинаВоведСојуз – Национален совет за родова рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, финансиран од UN Women има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да […]

Повик за учество на обука

Повик за учество на обукаСојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА, во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, објавува Повик за учество на двoдводневни обуки за претставници/чки на локални женски и граѓански и организации.Проектот има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и […]

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.