+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
    • Транспарентност
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Почетна
  • За нас
    • Транспарентност
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт

Повик за учество на обука

Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА, во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, објавува Повик за учество на двoдводневни обуки за претставници/чки на локални женски и граѓански и организации.

Проектот има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во  локалната заедница. Исто така, има за цел да ги поддржи граѓанските и женските организаци да ги искористат постоечки механизми за партиципативни процеси со цел да ги  вклучат нивните потреби во општинските политики и буџети.

Датум: Обука I : 25-26 ноември 2020 год;  Обука II :  9-10 декември 2020 год.
Место: дополнително ќе се утврди

Обуките ќе се спроведат согласно со пропишаните владини мерки за спречување на ширењето на COVID 19.

Обуката I на тема „Теренски активности и градење капацитети на членки“ има за цел да ги зајакне капацитетите на женски и граѓански организации преку пренесувае на искуства и обука за теренски активности кои граѓанските организации можат да ги преземат во однос на жените кои ги застапуваат  со цел промовирање на инклузивно учество во локалните политики и процеси на донесување одлуки.

Обуката II  на тема „Процеси на буџетирање во општините и акции за застапување“  за зајакнување на знаењето на учесниците за:

  • Изготвување, извршување и известување за буџетот на општината,
  • родово одговорно буџетирање,
  • буџетска транспарентност и следење на буџетот,
  • застапување и лобирање.

Методологијата на работа ќе биде комбинација на теоретско излагање и интерактивно вклучување со практична примена и вежби. Работниот јазик за време на обуката ќе биде македонски.

Кој може да аплицира

  • По две претставнички/-ници од локални женски организации и други граѓански организации кои спроведуваат активности врзани со родовата рамноправност во скопски регион, североисточен регион, источен и југоисточен регион Учеството на обуката е целосно покриено од НСРР. Избраните учесници/-чки дополнително ќе бидат информирани за сите детали во врска со обуката (програма, храна и сместување). Патните трошоци на учесниците ќе бидат покриени од организаторите.

Пријава за обуката

Сите заинтересирани организации треба да пополнат пријава за учество преку Google Forms, за пријавата кликни тука.
(https://docs.google.com/forms/d/164bA0HuKE2MQqPh1R-yqCSiEyY0zPPSZoak2Lc3Z4rw/edit?ts=5f8eefed&gxids=7757)

Рокот за пријавување е најдоцна до 10 ноември 2020 година.

За дополнителни прашања Ве молиме контактирајте нѐ на тел. 02 3134 390  или на

е-пошта:   sozm@t.mk;  sozmrc@unet.com.mkСите пристигнати пријави ќе бидат разгледани од тимот на НСРР и АГОРА.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Во рамките на истиот проект “Вклучи се – Побарај гласно!“ ќе се доделат грантови за спроведување теренски активности за мобилизација на жените и застапување со општините.  Критериумите и официјалниот оглас ќе бидат дополнително објавени.

Овие обуки се дел од проектот „Вклучи се – Побарај гласно!“, спроведен од Сојуз-Национален совет за родова рамноправност во партнерство со АГОРА во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Објавен на: 29.06.2021
  • Валиден до: 16.07.2021
  • Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.