Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување за политики
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот Еко дијалог кон ЕУ има за цел да го поттикне преминот кон зелена и одржлива економија во Република Северна Македонија, усогласена со Европскиот Зелен договор, преку заеднички напори на сите засегнати страни. Поспецифично, целта е да се промовира меѓусекторски дијалог и соработка за циркуларна економија и управување со отпад, да се зајакне граѓанското општество за застапување за политики, и да се подобри учеството на засегнатите страни во креирањето и спроведувањето на еколошки политики.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:
1) Зајакнатото учество на засегнатите страни во обликувањето и спроведувањето на еколошките политики и практиките за циркуларна економија.
2) Зголемено влијание на граѓанското општество во промоцијата и заштитата на човековите права и процесот на пристапување кон ЕУ.
3) Културата на транспарентна соработка и доверба помеѓу владата, граѓанскотоопштество и бизнисите, преку ефективно партнерство и промоција на циркуларна економија, ќе го подобри квалитетот на живот, ќе поттикне зелен раст и ќе придонесе за ефикасно користење на ресурсите преку одржливи модели на производство и потрошувачка.
4) Акцијата ќе помогне во намалување на отпадот, намалување на загадувањето и ќе ги направи градовите поотпорни на климатските промени.
АКТИВНОСТИ:
Истражување и публикации.
Сеопфатно истражување за политиките и практиките за управување со отпад, со нагласок на родовите, социјалните и еколошките аспекти. Тоа ќе вклучи студија за состојбата со текстилниот отпад во земјата, најдобри бизнис практики, проценка на количини на отпад, регионално мапирање, препораки и можности за рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.
Градење на капацитети на граѓанските организации на локално ниво, како и на локалните и националните власти и бизнис секторот. Ќе се доделуваат подгрантови на ГО за застапување засновано на докази и за спроведување на конкретни мерки во соработка со други засегнати страни.
Мониторинг на спроведувањето на законската регулатива за управување со отпад со посебен фокус на текстилниот отпад. Собраните податоци од овие проценки ќе бидат клучни за водење на застапување засновано на докази и ќе помогнат во подобрување на политиките и практиките за поефикасно справување со текстилниот отпад.
Информативна кампања насочена кон трансформација на однесувањето на јавноста преку традиционални и социјални медиуми. Кампањата ќе ја истакне важноста на човековите права, со фокус на зелените практики и можностите за рециклирање на текстилниот отпад.
Застапување засновано на докази.
Структуриран дијалог со повеќе засегнати страни, вклучувајќи граѓански организации, медиуми, институции и бизниси. Ќе се организираат завршна конференција, состаноци за застапување и активности за повторно доделување грантови.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: 1 март 2025 – 30 септември 2027
- Вкупен буџет: 1 66.658,30 ЕУР
- Имплементатори: Фондација за развој на локалната заедница Штип (носител), Агора – Центар за промовирање граѓански вредности Скопје, Здружение Конект Скопје.
- Целни групи: Граѓански организации, Бизнис заедница, Министерство за животна средина, Инспекторат за животна средина, Агенции за заштита на животната средина, Единици на локална самоуправа.
- Крајни корисници: граѓаните на Република Северна Македонија, кои ќе имаат придобивки од подобрувањето на животната средина и позитивните промени во локалните политики.









