+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут

Заеднички да чекориме кон еколошки и праведни политики

Со амбициозни цели и голема поддршка од граѓанскиот сектор и приватните компании во нашата земја, на 19 јуни 2025 со воведен настан го означивме почетокот на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“.  

Над 40 претставници од граѓанскиот и приватниот сектор  се запознаа со целите, активностите и очекуваните резултати: 1) Поттикнување на зелената и одржлива економија во согласност со Европскиот Зелен договор; 2) Развивање меѓусекторски дијалог за циркуларна економија, управување и реупотреба на отпад; 3) Овозможување активно учество на граѓанскиот сектор, компаниите, институциите и локалните самоуправи во креирање и спроведување на еколошки политики.

Во рамките на панел дискусијата, претседателката на Агора, Кристина Хаџи-Василева, говореше за значењето на родовата еднаквост во еколошките иницијативи, истакнувајќи дека жените играат клучна улога во циркуларната економија. Таа потенцираше дека текстилната индустрија, како еден од најтрудоинтензивните сектори во кој доминира женската работна сила, генерира огромни количини отпад. „Жените се активни потрошувачи кои рециклираат повеќе, купуваат локално и штедат ресурси. И покрај тоа, нивната застапеност на одлучувачки позиции и во комуналните претпријатија е значително ниска, при што постои и родов јаз во платите од најмалку 6.000 денари во полза на мажите“, истакна Хаџи-Василева.

Организаторите апелираа за вклучување на родовата перспектива во сите аспекти од развојот на циркуларната економија, со цел да се осигура праведност и ефективност и упатија повик до сите засегнати страни да се придружат во дијалогот за креирање инклузивни, праведни и зелени политики.

Проектот е кофинансиран од ЕУ, а се спроведува од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип како носител, во партнерство со здруженијата Конект и Агора – Центар за промовирање на граѓански вредности.

ОД НАСТАНОТ

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.

Содржината на оваа страница е единствена одговорност на АГОРА Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.