Повик за доставување на понуди за експерт за изготвување на водич низ Законот за нови текови на отпад
АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за подготовка на сеопфатен и лесен за користење водич за да им помогне на засегнатите страни во разбирањето и спроведувањето на новиот Закон за управување со дополнителни текови на отпад. Водичот ќе обезбеди јасни и детални објаснувања на законот, опфаќајќи ги неговите различни компоненти и импликации.
1) Понудата треба да ги содржи следниве информации:
- Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1);
- Стручна биографија на експертот/-ката;
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, анекс 2).
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани физички лица, резиденти во Република Северна Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.
Понудата се доставува скенирана електронски на contact@agora.org.mk или во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул.Аминта Трети бр.16-1/7, 1000 Скопје).
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За повик Реф. Бр. EuropeAid/180645/DD/ACT/MK“ и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис од одговорното лице.
Понудата треба да се достави до 17.11.2025 година (понеделник), до 17:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Детални информации:
Анекс 2 (Изјава за ексклузивност и достапност)
