Од отпад до уметност: Младите ја кројат иднината
Акцијата ја спроведува АГОРА Скопје со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“.
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот „Од отпад до уметност: Младите ја кројат иднината“ има за цел да придонесе кон зголемена еколошка одговорност и практична примена на принципите на циркуларна економија кај младите и локалните заедници, преку едукативни, креативни и социјално-инклузивни активности за реупотреба на текстилен отпад. Истиот ќе се реализира во три средни училишта - две во Скопскиот и едно во Североисточниот регион во земјата и ќе комбинира образование, практична креативна работа и јавно промоција.
Текстилниот отпад e еден од најголемите еколошки проблеми, затоа што најголемиот дел од него завршува на депонии, без селекција, реупотреба или рециклирање што придонесува за загадување на почвата, водите и воздухот. Младите имаат ограничени можности за практична примена на еколошки активности и затоа има потреба од едукативни акции на локално ниво кои ќе ја трансформираат перцепцијата за текстилниот отпад и ќе создадат трајни еколошки навики кај нив како носители на зелени промени во заедницата.
Главни активности
- Акции за собирање и креативна реупотреба на текстилен отпад во соработка со училиштата и општините
- Едукативни еко-работилници за циркуларна економија и заштита на животната средина
- Изработка, поставување и јавно промовирање на уметничка инсталација од реупотребен текстил
- Организација на училишни базари за продажба на изработени производи и транспарентно реинвестирање на средствата
- Комуникација и активности за јавна видливост на проектот
Очекувани резултати:
- Зголемени знаења и практични вештини кај средношколците за циркуларна економија и реупотреба на текстилен отпад
- Воспоставен одржлив модел за собирање и реупотреба на текстилен отпад во таргетираните училишта
- Зголемена јавна информираност и позитивна перцепција за циркуларната економија и улогата на младите
- Активно вклучување на локалната заедница преку јавни настани и уметнички интервенции
Акцијата „Од отпад до уметност: Младите ја кројат иднината“ ја спроведува АГОРА Скопје со финансиска поддршка од Европската унија во рамки на проектот „Зелена младина, зелен раст“.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Времетраење: 23 март 2026 - 22 јануари 2027
- Вредност на проектот: 718, 500 МКД
- Целни региони: Скопски и Североисотчен регион во Северна Македонија.
- Целни групи: Средношколци, наставници и училишен кадар, граѓани од локалната заедница
- Донатор: Европска унија
