Повик за учество на работилница Младинско претприемништво:Предизвици и можности

Повик за учество на работилница Младинско претприемништво:Предизвици и можности

Во рамките на проектот Младински Скок Во Бизнисот што го имплементира АГОРА со поддршка на Американската амбасада во Скопје, на 17.03.2021 година со почеток во 17:00 часот ќе се одржи онлајн работилница Младинско претприемништво: Предизвици и можности.

Работилницата е наменета за млади лица (18-29) од Р.С.Македонија кои имаат желба или идеја за сопствен бизнис, а преку работилницата учесниците ќе се запознаат со основните принципи на претприемништвото, алатките за развивање на бизнис идеја, како и ќе научат за предизвиците и можностите за претприемништвото низ искуствата на наши успешни претприемачи.

Пријавувањето и учеството е бесплатно, а секој учесник ќе добие сертификат за учество. Секој заинтересиран може да се пријави со пополнување на следниот формулар најдоцна до 16.03.2021 година: https://docs.google.com/forms/d/1LT7M4bRC6HdqHl6lCuHyCsQT9doQz0gJCOfEAJpiOcA/edit

По пријавувањето по електронска пошта ќе ви биде доставен линк од ЗУМ работилницата.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Објавен на: 29.06.2021
  • Валиден до: 16.07.2021
  • Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.