ЗА НАС
КОИ СМЕ НИЕ?
Здружението на граѓани „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје е доброволна, невладина, непартиска и непрофитна организација која работи на национално ниво во Македонија основана во 2001 година. Со седиште во Скопје. Визијата на оваа организација е успешен демократски напредок на луѓето и заедниците. Целта на АГОРА е развој на демократското општество преку унапредување на локалните заедници и граѓанскиот сектор преземајќи активности за зајакнување на родовата еднаквост, добро управување и економскиот развој во Македонија и пошироко.
Здружението на граѓани „Агора“ е основано на 25.10.2001 година и на 10.12.2001 година беше запишано во регистарот на здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд Скопје 1, Скопје. Во септември 2015 година беше извршена пререгистрација со цел проширување на мисијата ни дејноста на здружението.
Мисијата на здружението е јакнење на сите општествени чинители и промовирање процеси кои ќе доведат до развој на демократското општество.
Здружението ги остварува следните цели и задачи:
- Промовирање на родовата еднаквост преку истражувања, застапување и активности за воведување на принципот на родова еднаквост во сите сфери на општественото дејствување,
- Промовирање на партиципативни методи за донесување одлуки во институции и организации на сите нивоа,
- Поддршка на локалниот економски развој преку обуки, вмрежувања и техничка помош,
- Промовирање на напредни идеи и вештини поврзани со реализацијата на главните цели и задачи на Здружението,
- Развивање значајна мрежа на професионални и деловни контакти меѓу сите чинители кои работат на прашањата со кои се занимава организацијата.
Своите цели и задачи здружението ги остварува преку утврдена Програма за работа, односно преку следниве активности:
- организирање на конкретни програмски активности;
- спроведување на заеднички проекти;
- организирање на конференции, семинари, обуки и друг вид на активности;
- поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението;
- врши и други работи предвидени со овој Статут.
НАШИОТ ТИМ
Kристина Хаџи-Василева има речиси петнаесетгодишно искуство во развојниот и граѓанскиот сектор, работејќи за македонски граѓански организации и меѓународни организации и проекти како USAID, EAR, OSCE и SDC. Нејзината експертиза е насочена кон областите на родова еднаквост, реформа на локалната самоуправа и децентрализација како и во локалниот економски развој и развојот на граѓанското општество. Хаџи-Василева е дипломиран филолог по македонски и турски јазик и има магистрирано Родови и етнички студии на Универзитетот „Гринич” во Лондон.
Проектен координатор
Александар Спасов е дипломинар политиколог на факултетот за Политички науки на универзитетот Св. Кирил и Методиј, со многугодишно професионално искуство во државна администрација, а во последните години активен e во проекти од непрофитниот сектор, претежно во областа на претприемништво. Учествувал на бројни меѓународни настани за локален и регионален економски развој, посетил обука за поддршка на мали и средни претпријатија во Јапонија, а од скоро е алумни на програмата за професионален развој на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.
Ентузијаст за црно-бела фотографија.
Проектна координаторка
Катерина Партинова Кус-Иванова дипломиран социјален работник со 17 годиишно работно искуство во невладиниот сектор работејќи од теренски социјален работник до програмски директор за национани, локални и регионални организации. Својата прфесиопналност ја гради во работа со маргинализирани заедници: намалување на штети и превенција на ХИВ, човекови права, самоорганизација и застапување како и социјална правда.
Во АГОРА работи на позиција проектен коордиантор на проекти поврзани со родова еднаквост.
- Даниела Симова
ABOUT US
Agora – Center for Promotion of Civic Values is a non-profit, non-partisan organization established in 2001 that works on national level in Macedonia. The vision of the organization is successful democratic advancement of people and communities. Agora’s mission is strenghtening all stakeholders and promoting processes that would lead to development of a democratic society.
Agora fulfills the following aims and objectives:
- promotion of participatory decision-making methods in institutions and organizations at all levels;
- promotion of gender equality through research, lobbying and actions for gender mainstreaming;
- support to local economic development through trainings, networking and technical assisstance;
- promotion of advanced ideas and skills related to the implementaion of the main aims of the organization;
- development of significant network of proffesional contacts between all stakeholders working in the areas of Agora’s