WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ
ЗА ПРОЕКТОТ
WOMENomics е проект кој има за цел да го зајакне учеството на женските граѓански организации во Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ преку подобрување на нивните капацитети за следење, застапување и комуникација со јавноста, вклучително водење дијалог со релевантните чинители, во насока на економско јакнење на жените и нивна дигитална инклузија. Истиот комбинира обуки, истражување, јавен дијалог и комуникациски активности со цел да придонесе кон поинклузивни и одговорни политики.
Очекувани резултати
- Зајакнати капацитети на 16 женски граѓански организации за следење и застапување за политики
- Обучени и менторирани 20 жени активистки со вештини за истражување, анализи и комуникација со јавноста
- Развиени најмалку 5 истражувачки и аналитички документи (извештаи, документи за јавни политики, алатки за мерење трендови и сл.)
- Креирани две алатки за следење и застапување: Документ за политики за економско јакнење и дигитална инклузија на жените и Индекс за родови и економски реформи
- Формирана неформална национална мрежа за економско јакнење на жените и нивна дигитална инклузија
- Зајакнат дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и актерите за европски интеграции
- Зголемена јавна информираност за значењето на реформите поврзани со интеграцијата во ЕУ.
Активности
- Градење капацитети
- обуки и менторство за 16 женски организации
- развој на знаења за економска и дигитална инклузија
- стекнување вештини за анализа на политики и застапување
- Следење и генерирање докази
- истражување и анализа на политики
- собирање податоци за родова еднаквост
- подготовка на извештаи, документ за јавни политики и индекс за мерење на состојбите.
- Јавен дијалог и институционална соработка
- организирање на најмалку 4 форуми за дијалог
- презентација на наоди и препораки
- директна комуникација со институции и чинители поврзани со европските интеграции
- Комуникација и подигнување на свеста
- дигитални кампањи (видео, инфографици, социјални медиуми)
- јавни настани и медиумски настапи
- промоција на резултатите пред пошироката јавност
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење
Проектот се спроведува во период од 12 месеци
Буџет
Вкупниот буџет на проектот изнесува 55,174 американски долари.
Целни групи
- 16 женски граѓански организации (по две од секој регион)
- 20 жени активистки (вклучувајќи млади, рурални и припаднички на малцински заедници)
- граѓански организации кои работат на родова еднаквост
- креатори на политики и институции
Крајни корисници
- жени од различни општествени групи (особено економски неактивни и дигитално исклучени)
- локални заедници
- граѓанско општество
- институции во процесот на ЕУ интеграција
- пошироката јавност
Донатор
Проектот е финансиран од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“



