Можност за пријавување на тренинг програма за претприемништво до 30.11.2020

Можност за пријавување на тренинг програма за претприемништво до 30.11.2020

АГОРА  – Центар за промовирање на граѓански вредности во рамките на проектот „Младински скок во бизнисот“ (YouthLeap2Business), поддржан од Американската Амбасада во Скопје, објавува Повик до млади со бизнис идеи  за учество на тренинг програма за претприемништво.

Тренинг програмата за претприемништво  е отворена за пријавување на 50 млади лица на возраст помеѓу 18-29 години. Преку оваа обука избраните кандидати ќе стекнат вештини за започнување и водење на сопствен бизнис низ тренинг модули кои опфаќаат вовед во претприемништво, бизнис планирање и развој на бизнис идеја. Програмата ќе се одвива во две фази, а во втората  фаза ќе продолжат 25 најактивни учесници.

По завршување на тренинг програмата, две најуспешни бизнис идеи ќе бидат финансиски поддржани со износ од 1000 УСД за започнување на сопствен бизнис.

Програмата ќе започне во текот на месец декември, 2020 година.

Работен јазик на обуката е македонски.

Пријава за обуката

Сите заинтересирани кандидати треба да пополнат пријава за учество преку Google Forms најдоцна до 30.11.2020 година.

(https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScZYOzrWz7Uvlflix636p9FMM_obDaIzOporkWIQvmaTpTlYA/viewform?usp=sf_link)

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Објавен на: 29.06.2021
  • Валиден до: 16.07.2021
  • Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.