Стејт Департментот во извештајот користи наоди од проектот „Опсерваторијата на медиумските реформи“

Стејт Департментот во извештајот користи наоди од проектот „Опсерваторијата на медиумските реформи“

Американскиот Стејт Департмент во најновиот Извештај за човекови права ги цитира наодите добиени со периодичниот извештај за статусот на медиумските реформи кој беше изработен во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваа Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), извести новинската агенција „Мета.мк“.

„Изготвен од Фондацијата „Метаморфозис“, „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализа (ПИНА) – периодичен извештај за статусот на медиумските реформи објавен на 6 март, покажа дека реформите во медиумите напредуваа со различно темпо и квалитет, а повеќето беа само делумно исполнети“, стои во извештајот од Стејт департментот.

Извештајот на „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој се однесуваше на периодот од 1 октомври до 31 декември 2017 година на четирите столба на итните реформски приоритети ги утврди следните клучни наоди: реформи во јавниот радиодифузен сервис – започнато, но неисполнето, владините реклами – делумно исполнето, пристапот до информации од јавен карактер – делумно исполнето, и клевета и навреда – целосно неисполнето.

Стејт Департментот во извештајот, меѓудругото, наведува дека има напредок во медиумите и во судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како што е корупцијата. Од таму ја истакнуваат и политизацијата која останува присутна на ниво на јавната администрација.

Во врска со правосудниот систем констатирано е дека пет судии дозволиле политиката директно да се вмеша во судството. Тоа се претседателот на Врховниот суд – Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет, Александра Зафировска, судијката од Кривичен суд Софија Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд, како и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Фотографија: tom.arthur via flikr, CC BY-NC-SA.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Објавен на: 29.06.2021
  • Валиден до: 16.07.2021
  • Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.