Јавен повик за доставување на понуди за изработка на веб платформа за е-знаење
Сојуз – Национален Совет за Родова Рамноправност (НСРР) во партнерство со АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, во рамки на проектот „Вклучи се – Побарај гласно“, финансиран од канцеларијата на UN Women во Скопје има за цел да ги поддржи локалните женски и граѓански организации да спроведат акции за зајакнување и мобилизација на жените и нивно активно учество во локалната заедница.
Во тој контекст, НСРР и АГОРА сакаат да идентификуваат компанија што ќе развие веб- платформа која ќе придонесе кон градење на капацитетите на локалните женски организации и нивно вмрежување.
За да ја преземете спецификацијата релевантна на овој повик, кликнете на линкот.
Рокот за доставување на понудите е 23.02.2021.
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Објавен на: 29.06.2021
- Валиден до: 16.07.2021
- Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.