ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОМОТИВНА МЕДИУМСКА КАМПАЊА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „Вклучи се – Побарај гласно!“
Краен рок за пријавување 18. 04.2021
НСРР – Национален совет за родова рамноправност со своите партнери АГОРА – центар за промоција на граѓански вредности објавуваат повик за доставување понуди за изработка на промотивна медиумска кампања во рамките на проектот “Вклучи се – Побарај гласно!“, финансиран од канцеларијата на UN Women во Скопје.
Детални информации во врска со точните барања се наоѓаат подолу во документот и истите ќе претставуваат упатство за изработка на понудата.
Сите дополнителни прашања во функција на појаснување на барањето за понудата, заинтересираните можат да ги постават најдоцна до 10.04.2021 до 14:00 часот на следните електронски адреси: sozm@t-home.com, katerina@agora.org.mk.
Официјалната понуда со вклучени задолжителни документи треба да е доставена најдоцна до 18.04.2021, до 00,00 часот, по електронски пат на следните адреси: sozm@t-home.com, katerina@agora.org.mk по име „ПОНУДА ЗА МЕДИУМСКА КАМПАЊА”
Сите понуди кои ќе стигнат по истекот на зададениот рок нема да се земат во предвид и нема да се разгледуваат.
Сите понуди ќе се разгледуваат и оценуваат врз основа на потполноста на информациите кои се побаруваат и врз основа на критериумите за евалуација објаснети во опис на повикот за доставување на понуди.
Сите предлози и понудата треба да се на македонски јазик.
Времетраење на кампањата период од 12 месеци, започнувајќи од јуни 2021 до 1 мај 2022 година.
Ви благодариме,
Тимот на Вклучи се – Побарај гласно!
ОПИС НА ПОВИКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ
Краток опис на повикот | Изработка и имплементација на интегрирана медиумска кампања, вклучувајќи и изработка на комуникациска стратегија |
Задолжителни документи | 1. Претставување на компанијата со посебен осврт на изработени кампањи за општествена одговорност (електронска верзија)
2. Професионални биографии на тимот кој ќе работи на кампањата 3. Начелна предлог комуникациска стратегија со предлог слоган, предлог дијан за онлајн картички и краток опис/сценарио за видеата) 4. Предлог буџет изразен во денари со вклучен ДДВ |
Дополнителни прашања и појаснувања | Најдоцна до 10.04.2021 до 14:00 часот |
Рок за доставување задолжителни документи | 18.04.2021 |
Критериуми за евалуација | Комуникациска стратегија, слоган, сценарио за видео и идеи за онлајн картички – 50%
Финансиска понуда – 25% Експертиза на компанијата/ искуство – 15% Професионални биографии на тимот – 10% |
Времетраење на кампањата | 12 месеци |
Целосниот повик, со сите информации можете да го најдете на:
ПОВИК за поднесување понуди за изработка на медиумска капања
02.04.2021
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
- Објавен на: 29.06.2021
- Валиден до: 16.07.2021
- Сите заинтересирани да ја пополнат формата на следниов линк.