+389 2 3119 106
contact@agora.org.mk
  • en_GB
  • mk_MK
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут
  • Почетна
  • За нас
  • Проекти
  • Огласи/Повици
  • Новости
  • Публикации
  • Мултимедија
  • Контакт
  • Транспарентност
    • Годишни извештаи
    • Политики
    • Статут

Продолжен рок: Повик за доставување пријава за следење на спроведувањето на практиките за управување со текстилен отпад во рамки на проектот „Еко Дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку застапување за политики“.

Почитувани,

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности Ве поканува да доставите пријава за следење на практиките за управување со текстилен отпад што ги спроведуваат локалните самоуправи и националните институции.

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

- писмо за изразување интерес во кое е наведено името на лицето од граѓанската организација кое е номинирано и планскиот регион во кој ќе се врши следењето на спроведувањето на практиките за текстилен отпад. Доколку организацијата пријавува лицето за следење на спроведувањето на законот на национално ниво треба да го наведе тоа во писмото;

- стручна биографија на лицето;

- потпишана изјава за ексклузивност и достапност на номинираното лице (документ во прилог, анекс 1).

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани граѓански организации во Република Северна Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Понудата се доставува скенирана електронски на contact@agora.org.mk или во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул.Ристо Шишков бр.12-1/4, 1000 Скопје).

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За повик Реф. Бр. EuropeAid/180645/DD/ACT/MK“ и  текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис од лицето.

Пријавата  треба да се достави до 02.06.2026 година (вторник), до 00:00 часот.

Сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на комисијата за евалуација и соодветно известени.

Детални информации:

Повик за монитори

Услови за работа

Анекс 1 (Изјава за ексклузивност и достапност)

 

Подготвени за нов проект?

Да започнеме заедно нов проект, искористете ја можноста да работите со екпертите кои навистина можат да ви помогнат да ја реализирате вашата идеја!
Контактирај не

Сите права се задржани © 2021 Агора.

Содржината на оваа страница е единствена одговорност на АГОРА Скопје и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.