
Повик за доставување понуди за ангажирање на тројца експерти или експертски тим за подготовка и реализација на програма за јакнење на капацитетите на 20 граѓански организации за следење, застапување и јавен дијалог и обезбедување менторска поддршка во рамки на проектот „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитална права за интеграција во ЕУ“
Почитувани,
АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности Ве поканува да доставите понуда за ангажман на тројца експерти или експертски тим за подготовка и реализација на програма за јакнење на капацитетите на граѓански организации за следење политики, застапување и јавен дијалог, како и за обезбедување менторска поддршка во рамки на проектот„WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“.
Ангажманот вклучува подготовка и реализација на програма за обука која ќе опфати теми поврзани со ЕУ интеграција и родова еднаквост, економско зајакнување на жените, дигитални права и дигитална инклузија, следење и анализа на податоци базирани на докази, како и застапување и јавен дијалог. Дополнително, од избраните експерти се очекува да обезбедат менторска поддршка за учесничките на граѓанските организации.
Понудата треба да ги содржи следните информации:
- Стручна биографија на експертите/-ките;
- Референтна листа на релевантни ангажмани;
- Примери од развиени документи за јавни политики, анализи, истражувања или стратешки документи;
- Примери од развиени едукативни програми и материјали за обука и менторство (доколку се јавно достапни);
- Финансиска понуда (документ во прилог, Анекс 1);
- Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, Анекс 2).
На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани лица самостојно или како тимови од тројца експерти кои ги исполнуваат условите наведени во документот „Услови за работа“.
Повеќе детали за ангажманот, очекуваните резултати, временската рамка и критериумите за избор може да се најдат во наведениот документ.
Понудата се доставува скенирана електронски на contact@agora.org.mk со назнака: „За повик Реф. Бр. 06-11/1“, или во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул. Ристо Шишков бр. 12-1/4, 1000 Скопје). На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За повик Реф. Бр. 06-11/1“ и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис од одговорното лице.
Понудата треба да се достави до 18.08.2026 година (вторник), до 17:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Детални информации:
