Повик за доставување на понуди за експерти за спроведување на анализа за текстилниот отпад во контекст на зелената економија

АГОРА -Центар за промовирање на граѓански вредности Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги од тим од експерти/организација за подготовка на сеопфатна студија за проценка на подготвеноста на Северна Македонија за транзиција кон зелена економија, со преглед на состојбата со производство и рециклирање на отпад од гуми, стари возила, машинско масло и со посебен фокус на управувањето со текстилен отпад – сектор со сериозно еколошко влијание, но и со значителен потенцијал за ресурсна искористливост.

Истражувањето ќе ги анализира законските, економските, социјалните и еколошките аспекти, вклучувајќи проценка на количини на отпад, родови димензии и добри практики од деловниот и институционалниот сектор.

1) Понудата треба да ги содржи следниве информации:

-           Финансиска понуда (документ во прилог, анекс 1);

-           Tековна состојба на добавувачот (доколку е правно лице), не постара од една година;

-           Предлог методологија (формулар даден во прилог, анекс 2);

-           Стручна биографија на експертите предложени за подготовка анализата со референци;

-           Потпишана изјава за ексклузивност и достапност (документ во прилог, анекс 3);

-           Потпишана изјава (доколку се работи за правно лице) дека нема правни пречки за реализација на активноста (документ во прилог, анекс 4);

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, резиденти во Република Северна Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот „Услови за работа“.

Проектите финансирани преку Проектот на ЕУ  се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул.Аминта Трети бр.16-1/7, 1000 Скопје) или скенирана електронски на contact@agora.org.mk.

На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. EuropeAid/180645/DD/ACT/MK“ и  текстот „ Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оригиналот“.

Понудата треба да се достави до 15.07.2025 година (вторник), до 17:00 часот.

Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.

Детални информации:

Барање за понуди: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/06/Барање-за-понуди-Анализа.pdf

Услови за работа: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/06/Услови-за-работа-Анализа.pdf

Анекс 1: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/07/Анекс-1-финансиска-понуда-Анализа.docx

Анекс 2: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/07/Анекс-2-методологија-Анализа.docx

Анекс 3: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/07/Анекс-3-изјава-за-ексклузивност-и-достапност-Анализа.docx

Анекс 4: https://agora.org.mk/wp-content/uploads/2025/07/Анекс-4-изјава-правни-лица-Анализа.docx