Продолжен рок: Повик за учество во програма за јакнење на капацитетите за следење, застапување и јавен дијалог во процесот на европска интеграција во рамки на проектот „WOMENomics: Економско зајакнување и дигитални права за интеграција во ЕУ“
Почитувани,
АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности објавува повик за избор на 20 женски граѓански организации коишто работат на прашања поврзани со родовата еднаквост, женското (економско) зајакнување и дигитална инклузија (најмалку по две од секој од осумте плански региони во Република Северна Македонија), кои ќе учествуваат во програма за обука и менторство за јакнење на капацитетите за следење, застапување и јавен дијалог во областите на економското зајакнување на жените и нивната дигитална инклузија во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Избраните организации потребно е да номинираат претставничка која ќе учествува во програмата за обука и менторство и активно ќе придонесува кон следење на реформите за пристапување во ЕУ, прибирање и анализа на податоци, подготовка на препораки за политики и учество во процеси на јавен дијалог.
Пријавата треба да содржи:
- Писмо за изразување интерес во кое е наведено името на лицето од граѓанската организација кое е номинирано;
- Стручна биографија на лицето;
- Доказ за регистрација на организацијата (тековна состојба).
Подетални информации за програмата, условите за учество и начинот на пријавување се содржани во документот „Услови за учество“.
Пријавите се доставуваат скенирани електронски на contact@agora.org.mk или во затворен коверт во архивата на АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности (ул.Ристо Шишков бр.12-1/4, 1000 Скопје).
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За повик Реф. Бр. 06-10/1“ и текстот „Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со потпис од лицето.
Краен рок за доставување на пријавите е 16.09.2026 (среда), до 00:00 часот.
Сите пријавени кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на комисијата за евалуација и соодветно известени.
Детални информации:
Повик за женски граѓански организации
