01.02.2022
ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС
за учество во работни групи за подигнување на соработката со општините во РСМ
со цел зголемување на финансиската транспарентност
Почитувани,
Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од Finance Think – Институт за економски истражувања, Скопје, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности, Скопје, Квантум Прима – Здружение за економски и политички истражувања и анализи, Кавадарци, и ЛАГ Агро Лидер – Здружение за рурален развој, Кривогаштани, во рамки на проектот „Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” објавува Повик за учество во работни групи за зголемување на соработката на локалните чинители со општината.
Повикот е наменет за сите чинители кои делуваат на локално ниво и придонесуваат за развојот и добробитта на локалната заедница, а претставуваат различни засегнати страни: неформални и формални здруженија на граѓани, медиуми, бизниси, уметници, спортисти, активисти итн. Заинтересираните локални чинители треба да делуваат во една од 20 општини кои учествуваат во проектот (листата на општини е во прилог на овој повик).
Целта на активноста е локалните чинители да станат активни страни во процесите на финансиската транспарентност на општините и носењето одлуки на локално ниво.
Методологија и предвидени активности:
Предвидено е секоја поединечна работна група да се состои од најмалку 5 членови – претставници на различни локални чинители. Работната група е неформална и нема правно дејство, а во секоја општина ќе се формира по една група. Очекувањата се работната група да ги врши следните активности:
– Активно да учествува во процесите на планирање на општинските активности, особено финансиското работење и буџетското планирање,
– Да врши мониторинг на тековното финансиско работење и реализација на општинскиот буџет во рамките на своите можности и познавања,
– Да дава предлози за подобрување на финансиската транспарентност на општината,
– Да мобилизира нови членови,
– и др.
Овие и останатите очекувани активности, работната група ќе ги реализира преку:
– Работни средби со претставници на општината (со пожелно учество на Градоначалникот и претставник на Советот). Предвидени се две задолжителни средби кои ќе се одржат во периодот март – јуни 2022 година, а ќе бидат организирани од страна на АГОРА,
– Настан за вмрежување на сите формирани работни групи. Овој настан е предвиден да се одржи со физичко присуство во текот на јуни-јули 2022 година во Скопје,
– Употреба на Протокол за соработка на локалните чинители со општините. Овој Протокол ќе биде изработен од страна на експертско лице и бесплатно ќе биде доставен до сите членови на групите, а ќе содржи практични насоки и предлози за активности,
– Иницијативи кои произлегуваат од самите работни групи, како и од Водичот со најдобри практики кој ќе биде изработен и доставен од АГОРА.
Учеството во работните групи е доброволно, а за ангажманот не е предвиден надомест. Патните и организациските трошоци ќе бидат подмирени од страна на проектниот буџет.
Придобивки за учесниците:
- Можности за зголемување на личните и капацитетите на организациите за: финансиска транспарентност на буџетот; парафискални давачки; јавни набавки; мониторинг; застапување; и градење партнерства;
- Зголемена соработка со останати засегнатите страни на локално ниво (граѓански сектор, бизнис сектор, млади и сл) преку воспоставување на механизам заснован врз докази на повеќе засегнати страни за дизајнирање и следење на финансиската транспарентност на општините;
- Можност за поголема вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво;
Рокот за пријавување е 21.02.2022 година. Пријавувањето се врши преку Формуларот за пријавување кој е достапен на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdt23feE7qqDjwSk8OR2mqVpKWXXQxtZweLzXNpZbN3ao2kUg/viewform
Сите дополнителни прашања поврзани со овој повик можете да ги доставите на следната електронска адреса: aleksandar@agora.org.mk
1 | Центар | 12 | Долнени |
2 | Крива Паланка | 13 | Свети Николе |
3 | Штип | 14 | Пехчево |
4 | Кавадарци | 15 | Кочани |
5 | Богданци | 16 | Ѓорче Петров |
6 | Берово | 17 | Македонска Каменица |
7 | Кратово | 18 | Аеродром |
8 | Крушево | 19 | Гевгелија |
9 | Велес | 20 | Студеничани |
10 | Демир Капија | ||
11 | Боговиње |
Прилог: Листа на општини кои учествуваат во проектот